| четврток, 6 декември 2018 |

Змејковски: Народот силно ќе го казни Заев, за Македонија се работи

Мис­лам де­ка на прет­стој­ни­те из­бо­ри ќе се ста­ви крај на кри­за­та. Са­ка­ле тие од СДСМ или не. Ќе пре­тр­пат си­гу­рен по­раз. По­тоа оче­ку­вам да на­пра­ват и ре­ор­га­ни­за­ци­ја во нив­на­та пар­ти­ја, да дој­дат, мо­же­би, по­до­бри лу­ѓе на ви­стин­ски­те ме­ста. Тре­ба ре­ал­но да ја уви­дат си­ту­а­ци­ја­та де­ка са­мо со труд и со до­бра про­гра­ма се из­ле­гу­ва на из­бо­ри и се по­бе­ду­ва. И са­мо та­ка мо­же да се пра­кти­ку­ва вла­ста. Нив­ни­те уце­ни не сме­ат ве­ќе да се при­фа­ќа­ат, ве­ли Змеј­ков­ски во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“

Бо­рис Змеј­ков­ски, еден од ос­но­ва­чи­те на ВМРО-ДПМНЕ и прв ге­не­ра­лен се­кре­тар на пар­ти­ја­та, по дол­ги го­ди­ни по­втор­но актив­но се вра­ќа во по­ли­ти­ка­та ка­ко кан­ди­дат за пра­те­ник во Со­бра­ни­е­то на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Змеј­ков­ски во чиј­што дом бе­ше сме­сте­но се­ди­ште­то на пар­ти­ја­та при неј­зи­но­то фор­ми­ра­ње, во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ збо­ру­ва за не­го­ви­те мо­ти­ви за по­втор­но вра­ќа­ње во пар­ла­мен­тот, за оче­ку­ва­ња­та од из­бо­ри­те на 11 де­кем­ври и за мож­но­ста за из­лез од кри­за­та.

 

Гос­по­ди­не Змеј­ков­ски, со го­ди­ни функ­ци­о­ни­ра­вте не­ка­ко во зад­ни­на. Што Ве ис­про­во­ци­ра по­втор­но актив­но да се вра­ти­те во по­ли­ти­ка­та?

ЗМЕЈ­КОВ­СКИ: Гле­да­но од стра­на, се чи­ни де­ка не­ко­гаш сум бил да­ле­ку од по­ли­ти­ка­та. Факт е де­ка чо­век што ед­наш бил во по­ли­ти­ка­та, тој ни­ко­гаш не мо­же да би­де на­стра­на. Си­гур­но не бев на одре­де­ни пар­ти­ски функ­ции, не бев акти­вен, но по­сто­ја­но ја сле­дев по­ли­ти­ка­та и при­па­ѓав на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е факт број еден, кој ни­кој не мо­же да го по­бие. Од­лу­ка­та ја до­не­сов имај­ќи ја пред­вид со­стој­ба­та во ко­ја се нај­де на­ша­та др­жа­ва, пред сè, во пос­лед­ни­те две го­ди­ни во кои, на не­кој на­чин, ста­на за­лож­ник на ед­на гру­па лу­ѓе што ра­бо­тат иск­лу­чи­тел­но на ури­ва­ње на др­жав­ни­от по­ре­док, на де­ста­би­ли­за­ци­ја на др­жа­ва­та, на ни­ште­ње на сѐ што е на­пра­ве­но, што е бла­го­дат и до­бро за си­те гра­ѓа­ни во Ма­ке­до­ни­ја… Си­гур­но де­ка вли­ја­е­ја си­те тие по­ја­ви, но и зло­у­по­тре­ба­та од по­ли­тич­ки­те про­тив­ни­ци де­ка еве ста­ро­то членс­тво би­ло фр­ле­но на­стра­на. Јас мо­жам да ка­жам де­ка во се­ко­ја по­ли­тич­ка пар­ти­ја по­стои не­до­раз­би­ра­ње, по­сто­јат не­за­до­вол­ни лу­ѓе и од ста­ри­те чле­но­ви и од пом­ла­ди­те чле­но­ви, но не е ви­сти­на де­ка це­лос­но сме за­бо­ра­ве­ни. Мо­же­би тоа е ед­на од при­чи­ни­те да се акти­ви­рам во по­ли­ти­ка­та или, со еден збор, да го на­пра­ви­ме спо­јот ме­ѓу мла­ди­те, ка­де што е си­ла­та и енер­ги­ја­та, со искус­ни­те и со му­дри­те. Тој спој, си­гур­но, ќе се реф­ле­кти­ра во це­ла пар­ти­ја. Сме­там де­ка вра­ти­те на си­те на­ши оп­штин­ски ко­ми­те­ти ќе би­дат отво­ре­ни за по­ста­ри­те чле­но­ви. Со ед­но по­себ­но вни­ма­ние, ќе мо­ра си­те да при­до­не­сат за овие из­бо­ри би­деј­ќи овие из­бо­ри се од та­ков ка­ра­ктер. Не се ра­бо­ти за тоа да­ли јас ќе би­дам пра­те­ник, тоа е нај­мал­ку мо­ја лич­на жел­ба. Не се ра­бо­ти за мо­е­то пра­те­нич­ко ме­сто или за пар­ти­ја­та ВМРО-ДПМНЕ, ту­ку се ра­бо­ти за Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

 

Во пр­ви­от пар­ла­мен­та­рен со­став се по­све­ти­вте на соз­да­ва­ње­то др­жа­ва и на неј­зи­но­то функ­ци­о­ни­ра­ње ка­ко не­за­вис­на и су­ве­ре­на. Ко­ја ќе би­де Ва­ша­та за­да­ча овој пат, ка­ко прет­став­ник на на­ро­дот?

ЗМЕЈ­КОВ­СКИ: Тоа бе­ше со­се­ма дру­го вре­ме, но ако се на­пра­ви ком­па­ра­ци­ја со тоа што се слу­чу­ва се­га, мо­же да се по­ста­ви пра­ша­ње­то за су­ве­ре­ни­те­тот на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Не мо­жам да за­мис­лам по­ли­ти­чар од та­ков тип, ка­ко Зо­ран За­ев, ли­дер на по­ли­тич­ка пар­ти­ја што са­ка да се при­ка­же ка­ко ал­тер­на­ти­ва за вла­ста, да из­ле­гу­ва со та­кви из­ја­ви. Ако се по­тсе­ти­ме, мла­ди­те не зна­ат де­ка исти­те проб­ле­ми што ги има­ме се­га сме ги има­ле и то­гаш, со исти­те лу­ѓе. Ко­га се рас­па­ѓа­ше це­ла Ју­гос­ла­ви­ја, ко­га се раз­не­би­ту­ва­ше Бал­ка­нот, ко­га се пре­кро­ју­ваа гра­ни­ци, ние од­вај ус­пе­ав­ме да ја истур­ка­ме таа ра­бо­та ка­ко што тре­ба, ка­ко пар­ти­ја и пра­те­нич­ка гру­па, да ја ос­тва­ри­ме крај­на­та цел кон ко­ја се стре­меа мно­гу ге­не­ра­ции пред нас, Ма­ке­до­ни­ја ед­наш за­се­ко­гаш да ста­не су­ве­ре­на и са­мо­стој­на др­жа­ва. Пом­ла­ди­те ге­не­ра­ции, мо­же­би, не го зна­ат тоа, не­ма­ле мож­ност да ги сле­дат тие по­ли­тич­ки со­стој­би што се слу­чу­ваа то­гаш и на ули­ци­те и во пар­ла­мен­тот по­доц­на, но де­не­ска има­ме слич­на сли­ка. Тоа што то­гаш ус­пе­ав­ме, де­нес не­кој се тру­ди да го по­ни­шти и да на­пра­ви ре­ви­зи­ја на тоа што сме го ос­тва­ри­ле во ма­ке­дон­ски­от пар­ла­мент ка­ко пра­те­ни­ци.

boris-zmejkovski-int220-3

Кои се ва­ши­те оче­ку­ва­ња од 11 де­кем­ври? Ќе има­ме ли крај на кри­за­та или ќе про­дол­жи­ме да жи­ве­е­ме во аго­ни­ја­та што ја соз­да­доа За­ев и СДСМ?

ЗМЕЈ­КОВ­СКИ: Во СДСМ ја има­ат уви­де­но ре­ал­но­ста де­ка пар­ти­ја­та не­ма про­гра­ма, не­ма ви­зи­ја за ид­ни­на­та на др­жа­ва­та. Имај­ќи го пред­вид фа­ктот де­ка та­ква­та пар­ти­ја ве­ќе не до­би­ва под­др­шка од гра­ѓа­ни­те на Р. Ма­ке­до­ни­ја, а тоа им се слу­чу­ва не­кол­ку па­ти, тие на се­кој на­чин ќе се тру­дат да би­дат во вла­да без из­бо­ри. Се­пак, мис­лам де­ка на прет­стој­ни­те из­бо­ри ќе се ста­ви крај на кри­за­та. Са­ка­ле тие или не. Ќе пре­тр­пат си­гу­рен по­раз. По­тоа оче­ку­вам да на­пра­ват и ре­ор­га­ни­за­ци­ја во сво­ја­та пар­ти­ја, да дој­дат, мо­же­би, по­до­бри лу­ѓе на ви­стин­ски­те ме­ста. Тре­ба ре­ал­но да ја уви­дат си­ту­а­ци­ја­та де­ка са­мо со труд и со до­бра про­гра­ма се из­ле­гу­ва на из­бо­ри и се по­бе­ду­ва. И та­ка мо­же да се пра­кти­ку­ва вла­ста. Нив­ни­те уце­ни не сме­ат ве­ќе да се при­фа­ќа­ат. Не­кои спо­ме­ну­ва­ат ши­ро­ки ко­а­ли­ции. Во тој слу­чај, зо­што ни се из­бо­ри? Тоа, мо­же­би, е жел­ба на трој­ца, че­тво­ри­ца, но стран­ци­те мо­ра­ат да зна­ат – ние во ни­кој слу­чај не сме и не сме­е­ме да доз­во­ли­ме да ста­не­ме про­те­кто­рат.

 

Ма­ке­до­ни­ја и пар­ти­ја­та ги жи­ве­ат нај­те­шки­те мо­мен­ти од оса­мо­сто­ју­ва­ње­то, од­нос­но од фор­ми­ра­ње­то на ВМРО-ДПМНЕ. Све­до­ци сме на се­ри­оз­ни оби­ди за ури­ва­ње на те­ме­ли­те и на др­жа­ва­та и на пар­ти­ја­та за ис­пол­ну­ва­ње одре­де­ни це­ли што не­ма­ат ни­ка­ква до­пир­на точ­ка со ин­те­ре­си­те на ма­ке­дон­ски­от на­род. Мо­же ли, се­пак, ВМРО-ДПМНЕ и во ва­кви ус­ло­ви да се одр­жи ка­ко гла­вен за­штит­ник на на­ци­о­нал­ни­от иден­ти­тет и на на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си?

ЗМЕЈ­КОВ­СКИ: ВМРО-ДПМНЕ има сил­на ор­га­ни­за­ци­ја. Таа е по­ста­ве­на та­ка уште од вре­ме­то. Има­ме кон­такт со се­ко­ја ку­ќа, со се­кое се­ло… Од тој ас­пект, имај­ќи ги пред­вид си­те слу­чу­ва­ња на­на­зад, по­себ­но во пос­лед­ни­те 10 го­ди­ни, отка­ко ВМРО-ДПМНЕ ја пра­кти­ку­ва вла­ста, се­кој све­сен гра­ѓа­нин уви­ду­ва огром­на раз­ли­ка ме­ѓу прет­ход­ни­от пер­и­од и овој де­неш­ни­от. Тоа ѝ да­ва уште по­го­ле­ма си­ла и моќ на ВМРО-ДПМНЕ за да се бо­ри и за на­ци­о­на­лен и за еко­ном­ски оп­ста­нок на др­жа­ва­та.

Од дру­га стра­на, има­ме по­ли­тич­ки про­тив­ник што пра­ви ко­а­ли­ции со не­ка­кви гру­пи лу­ѓе, со мо­ле­ри, бо­ја­ди­су­ва­чи, кои не ра­бо­тат со по­ли­тич­ка про­гра­ма. Тие не­ма­ат што да им по­ну­дат на гра­ѓа­ни­те. Тие, ед­но­став­но, вле­гоа во ста­пи­ца­та на не­кој си ча­дор. От­ту­ка ја поч­наа таа де­ста­би­ли­за­ци­ја на др­жа­ва­та. Пре­диз­ви­каа ха­ос. Со та­кви на­сил­нич­ки ме­то­ди врз ин­сти­ту­ци­и­те на др­жа­ва­та не се до­а­ѓа на власт. Но­ва­та вла­да што ќе би­де кон­сти­ту­и­ра­на ќе ги ста­ви ра­бо­ти­те под кон­тро­ла би­деј­ќи ќе има це­ло­сен ман­дат од гра­ѓа­ни­те за да мо­же це­лос­но да се ста­би­ли­зи­ра­ат ра­бо­ти­те.

boris-zmejkovski-int220-4

Де­нес, ко­га по­втор­но е по­ве­ќе од по­треб­но обе­ди­ну­ва­ње на дес­ни­ца­та, сè уште сме све­до­ци на по­дел­би и на раз­е­ди­не­тост. Мож­но ли е „за­ко­пу­ва­ње на се­ки­ри­те“ во име на еден по­ви­сок ин­те­рес – ид­ни­на­та и оп­ста­но­кот на Ма­ке­до­ни­ја?

ЗМЕЈ­КОВ­СКИ: Не тре­ба са­мо на збо­ро­ви да ја са­ка­ме Ма­ке­до­ни­ја. Де­ла­та ја ка­жу­ва­ат ви­сти­на­та. Мо­же­ме са­мо со ра­бо­та, со труд, да го до­ка­же­ме тоа. Та­ка што тие што ре­ал­но при­па­ѓа­ат на дес­на­та стра­на, пр­во тре­ба да се пра­ша­ат ко­ја до­вер­ба ќе ја има­ат, ко­ја моќ? Кол­ку ќе би­дат вли­ја­тел­ни? Кол­ку ќе мо­жат да по­мог­нат ако дој­де до та­ков раз­вој на по­ли­тич­ка­та сце­на? По­ли­ти­ка­та, пред сè, е праг­ма. Но, во на­ши­от слу­чај не е са­мо праг­ма­та во пра­ша­ње, ту­ку ста­ну­ва збор за не­што по­се­ри­оз­но. Се ра­бо­ти за ид­ни­на­та на Ма­ке­до­ни­ја. Тоа што не­кои со ве­ко­ви се оби­ду­ва­ат да ѝ го на­пра­ват на Ма­ке­до­ни­ја,се­га не­кој пре­ку ноќ са­ка да ѝ го сто­ри.

Мо­же­би е пра­ша­ње на вре­ме, но мис­лам де­ка на си­те нив им е ме­сто­то во ма­тич­на­та пар­ти­ја. Се­пак, во нај­ма­ла ра­ка оче­ку­вам бли­ска и до­бра со­ра­бо­тка.

 

За­ев и СДСМ на го­ле­мо нај­а­ву­ва­ат про­ме­на на Уста­вот со цел во­ве­ду­ва­ње дво­ја­зич­ност на це­ла­та те­ри­то­ри­ја на Ма­ке­до­ни­ја, со што нај­а­ву­ва­ат про­ши­ру­ва­ње на Охрид­ски­от до­го­вор, кое би во­де­ло кон фе­де­ра­ли­за­ци­ја. Кол­ку е се­ри­оз­но ос­твар­ли­во ва­кво­то сце­на­рио?

ЗМЕЈ­КОВ­СКИ: Кое би­ло сце­на­рио, ако до­бие под­др­шка од на­ро­дот, ако ја изг­ла­са таа по­ли­тич­ка оп­ци­ја, од­нос­но ако до­бие мно­зинс­тво, што пре­о­ста­ну­ва? Тие да го ре­а­ли­зи­ра­ат сце­на­ри­о­то, а дру­ги­те да го спре­чу­ва­ат. Се­пак, за ме­не тоа е не­ос­твар­ли­во сце­на­рио би­деј­ќи сме­там де­ка ток­му таа пар­ти­ја, на че­ло со За­ев, ќе го до­жи­вее нај­го­ле­мо­то фи­ја­ско од са­мо­то фор­ми­ра­ње. Ќе би­де каз­не­та од ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни.

 

Удар­на­та ту­па­ни­ци во опо­зи­ци­ски­от блок ја со­чи­ну­ва­ат по­ра­неш­ни ка­дри на тај­ни­те служ­би и по­ра­неш­ни ми­ни­стри, кои се дел од ед­но мрач­но ми­на­то на Ма­ке­до­ни­ја, ко­га беа сле­де­ни, уг­не­ту­ва­ни, па ду­ри и ли­кви­ди­ра­ни тие што се бо­реа за сло­бод­на и не­за­вис­на Ма­ке­до­ни­ја. До ко­га СДСМ ќе мо­же да се пот­пи­ра на по­мо­шта на овие мрач­ни ли­ко­ви во бор­ба­та за власт?

ЗМЕЈ­КОВ­СКИ: За жал, овие ли­ко­ви ќе по­сто­јат и во ид­ни­на. Убе­ден сум де­ка овие лу­ѓе ни­ко­гаш и не пре­ста­на­ле со сле­де­ње­то на по­ли­ти­ча­ри­те. Тоа се по­ка­жа и се­га. Де­ста­би­ли­за­ци­ја­та што са­каа да ја пре­диз­ви­ка­ат се­га е одраз на тие служ­би, кои и ден-де­нес се актив­ни. Ние има­ме еден па­ра­докс. Ви­ка­ме де­ка со за­кон е за­бра­не­то не­за­кон­ско сле­де­ње и прис­лу­шу­ва­ње, од дру­га стра­на, се фор­ми­ра ед­но пар­ти­ско те­ло, на­ре­че­но Спе­ци­јал­но об­ви­ни­телс­тво, над­вор од Уста­вот, со по­ли­тич­ка од­лу­ка, кое функ­ци­о­ни­ра ка­ко пар­ти­ско те­ло на СДСМ, кое не го ин­те­ре­си­ра да­ли прис­лу­шу­ва­ње­то е за­кон­ско, ту­ку ра­бо­ти са­мо во ин­те­рес на ед­на по­ли­тич­ка пар­ти­ја. Ни­ко­гаш не пре­ста­на­ле да ги ко­ри­стат си­те мож­ни ме­то­ди и на­чи­ни и си­те мре­жи што ги има­ат вос­по­ста­ве­но за да ѝ на­ште­ту­ва­ат на др­жа­ва­та.

boris-zmejkovski-int220-2

По­ра­неш­ни­от уд­баш Сло­бо­дан Бо­го­ев­ски Ве об­ви­ни Вас и си­те сле­де­ни вмров­ци де­ка не сте би­ле ни­ка­кви жр­тви на тај­ни служ­би, ту­ку сте има­ле комп­лекс на по­ма­ла вред­ност! Не­го­ви­те збо­ро­ви се след­ни­ве: „Тие не се жр­тви на тај­ни служ­би, ту­ку ста­ну­ва збор за не­што дру­го. Бе­срам­но ла­жат. Ста­ну­ва збор за лич­но­сти со комп­лекс на ма­ла вред­ност. Де­ка би­ле важ­ни за ма­ке­дон­ска­та ка­у­за… Ни­кој од нив не бил жр­тва. Гле­да­те… си­те се жи­ви и здра­ви. Власт се се­га“. Ка­ко ги ко­мен­ти­ра­те овие на­вре­ди?

ЗМЕЈ­КОВ­СКИ: Страш­но. Не­ма што ту­ка да се ко­мен­ти­ра. Зар тој ги сме­та за жр­тви са­мо тие што ги ли­кви­ди­раа по ули­ци, во со­о­бра­ќај­ки, со са­мо­у­бис­тва со три кур­шу­ми итн? Или кид­на­пи­ра­ње­то на Дра­ган Бог­да­нов­ски ко­го го до­не­соа вр­зан ка­ко слон во ка­фез пре­ку гра­ни­ца? Да, на овие лу­ѓе им ги зе­доа жи­во­ти­те, но и на мно­гу дру­ги им го уни­шти­ја при­ват­ни­от жи­вот, жи­во­тот на нив­ни­те се­мејс­тва. Си­те беа бе­ле­жа­ни. До ден-де­нес тие ге­не­ра­ции има­ат пос­ле­ди­ци, не­ма­ат мир. Та­ка што, да се из­ја­ви та­кво не­што е ка­та­стро­фа за еден чо­век. На кра­јот на кра­и­шта­та, до­си­е­ја­та што се кај нив, што ги во­де­ле тие, нив­ни­те до­уш­ни­ци, нив­ни­те инс­пе­кто­ри, аген­ти… тие ги пи­шу­ваа. Не ги пи­шу­вав­ме ние. Тие се оби­ду­ваа да вле­зат во се­мејс­тва­та, да на­пра­ват раз­дор. Тоа го пра­ват до ден-де­нес. Зна­чи тие не пре­ки­на­ле со тие ме­то­ди.

 

Исти­те овие уд­ба­шки стру­кту­ри де­нес се оби­ду­ва­ат да го до­вр­шат тоа што го поч­наа во де­ве­де­сет­ти­те го­ди­ни – це­лос­но уни­шту­ва­ње на Ма­ке­до­ни­ја и на ВМРО-ДПМНЕ. Кол­ка­ва е ве­ро­јат­но­ста да ус­пе­ат во на­ме­ра­та?

ЗМЕЈ­КОВ­СКИ: Ви­де­те, ма­ке­дон­ски­от на­род е ве­ќе све­сен. Мла­ди­те ге­не­ра­ции се свес­ни. Овој ков лу­ѓе што це­ло вре­ме се тру­дат да го ми­ни­ра­ат др­жав­ни­от по­ре­док се во изу­ми­ра­ње. Тие се сѐ по­мал­ку и по­мал­ку. Тие ќе ра­бо­тат и по­на­та­му. И ова е дел од нив­на­та ра­бо­та – ва­кви­те ин­терв­јуа ка­ко на Бо­го­ев­ски. Тоа е дел од нив­но­то не­ми­ру­ва­ње. Но, тоа е сè по­ма­ло и по­ма­ло и ќе дој­де до нив­ни­от крај.

Сме­там де­ка ако лу­стра­ци­ја­та се спро­ве­де­ше мно­гу по­ра­но, од пр­ви­от ма­ке­дон­ски пар­ла­мент, мо­же­би не­ма­ше да дој­де до ва­кво не­што. Но, ако и по овие из­бо­ри, по ед­на го­ле­ма по­бе­да на де­мо­крат­ски­те си­ли на че­ло со ВМРО-ДПМНЕ, не се ста­ви крај на ва­кви­те по­ја­ви, то­гаш ве­ќе се по­ста­ву­ва пра­ша­ње­то кон ка­де ќе одат тие со­стој­би? Јас сум убе­ден де­ка тие ра­бо­ти ќе се над­ми­нат.

 

Разговараше: Нeнад Мирчевски
Фото: Александар Ивановски
(Интервјуто со Борис Змејковски е објавено во 220. број на неделникот Република, 18.11.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top