| четврток, 6 декември 2018 |

На водителка ѝ пукна ембрионалната обвивка среде емисија, нејзината реакција ќе ве изненади (Видео)

Доколку не знаете, сигурно никогаш не би забележале дека британската водителка Викторија Фриц до вчера била бремена во деветтиот месец, кога и стана мајка. Можеме да кажеме дека Викторија е, навистина, посветена на својата работа. Во толку доцна бременост таа ја работеше својата работа како и секогаш, а потоа следеше вистинско изненадување.

Ѝ пукна ембрионалната обвивка. Иако речиси секоја жена би оставила сѐ и веднаш би отишла в болница, Викторија успеа да остане смирена и да ја одработи својата работа до крај, вели извор од телевизијата.

– Нејзината храброст сите нѐ изненади, ги вкрсти нозете и продолжи со својата задача – објаснува изворот.

Професионалноста на новопечената мама не остави никого рамнодушен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top