Со нов „трипл-дабл“, Џејмс Харден го одведе Хјустон до нова победа, Вашингтон го доби дербито на Истокот против Њујорк, додека Минесота ја „разби“ Филаделфија на синоќешните дуели во НБА лигата.
Во дербито на вечерта Хјустон славеше со 126-109 проти Портланд. Рокитс до триумфот стигна благодарение на одличното второ полувреме. Харден секако го водеше главниот збор со постигнати 26 поени, а дополнувајќи и со 14 асистенции и 12 скока за третиот „трипл-дабл“ во сезонава. Ист број поени на спротивната страна постигна МекКолум, додека Лилард постигна „само“ 18 поени.
Вашингтон, пак, славеше со 119-112 против Њујорк. Џон Вол со 23 поени и 11 асистенции ја донесе победата за Волшебниците, додека 21 поен дополни Портер. Во составот на Њујорк, Дерик Роуз постигна 27 поени, а Кармело Ентони запиша 19 поени.
НБА резултати:
Вашингтон – Њујорк 119-112, Мајами – Милвоки 96-73, Хјустон – Портланд 126-109, Минесота – Филаделфија 110-86, Јута – Чикаго 77-85.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)