Сe што имавме да кажеме во овие осум години кажавме. Нема ништо ново што да речеме пред судот, рекоа браќата Љупчо и Ордан Ѓоргиевски од Скопје, како и Ѓоре Петровски од Ореше, вчера во Основниот суд во Велес, на повторното, петто по ред судење за нарачаното убиство на Лазе Милошевски од Ореше, пренесува „Дневник“.
Браќата од почетокот тврдат дека не го убиле Милошевски, а гастарбајтерот Петровски вели дека не го нарачал неговото убиство. Ордан Ѓоргиевски вчера само додаде дека обвинителството знае кој е убиецот. Милошевски (71) бил застрелан со куршум од „калашников“ во својот дом на 2 декември 2005 година.
Браќата двапати беа осудени на по 12 години затвор, а на третото судење на кое заштитениот сведок Бреза, односно Златко Арсовски, го смени сведочењето во нивна корист, двајцата беа ослободени. Ослободен од обвинение беше и гастарбајтерот. И таа пресуда беше укината од Апелацискиот суд, па на четвртото судење Петровски беше осуден на 13 години, а браќата Ѓоргиевски добија по десет години затвор. Во април годинава и четвртата пресуда за „Ореше“ падна на скопска апелација, која одлучи судењето пак да почне од почеток.
Пресудата беше донесена врз основа на сведочењето на Бреза, исказите на детекторот за лаги, како и белешките од трансферот на пари.
Вчера сведочеше и Аце Милошевски, син на убиениот.
– Имавме само еден непријател. Тоа е Петровски, и тој е нарачател на убиството. Kој пукал не знам. Знам дека Петровски и претходно пукал во татко ми, а и пред полицајци се закануваше дека ќе го убие – изјави Милошевски.
Фото: Дневник
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Одложено судењето за 27 април
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Сведок ги препозна двајцата напаѓачи на судењето за убиството на Саздовски
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа