| четврток, 6 декември 2018 |

Сензација од Барселона: Луис Енрике генерален менаџер, Унсуе негов наследник

Тиражниот шпански весник Ла Вангардија вчера објави дека во Барселона сериозно размислуваат за идната сезона откако Луис Енрике ја одложи одлуката за продолжување на договорот со клубот.

Имајќи предвид дека уште не се знае кој ќе го води тимот во новата сезона, раководството, наводно, веќе има “План Б”. Според него, Луис Енрике би станал генерален менаџер на Барселона, но неговиот наследник е огромно изненадување за сите навивачи. Станува збор за актуелниот помошник Хуан Карлос Унсуе кој би ја преземал тренерската функција. Таквата ситуација многу би наликувала на онаа со Гвардиола и Виланова од 2012 година кога трофејниот стручњак си замина, а на негово место дојде неговиот помошник. За жал, тој остана само една сезона бидејќи тешко се разболе и една година подоцна почина, но освои една шампионска титула во Ла Лига со рекорд од 100 бода и 15 бода предност пред Реал.

Унсуе има 49 години, но е без големо искуство на самостојно водење тимови. Досега беше тренер само на Нумансија и Сантандер, додека во Селта и Барселона му беше помошник на Енрике. Тој има многу позабележителна играчка кариера од која најголем дел (седум години) помина во Севиља за која забележа 222 настапи како голман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top