
Според известувањето од Јавното претпријатие „Водовод и Канализација“ во петок, на 18 ноември, поради санирање на уличен дефект Ф-200 мм, на булеварот „Мито Хаџивасилев Јасмин бр.8, во центарот на Скопје, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од средното училиште „Јосип Броз Тито“ до Соборен храм, и тоа во периодот од 8 часот до санирање на дефектот.
Станува збор за корисници од Општина Центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


