Селото Врбарје се наоѓа во близина на градот Соколец во Босна и Херцеговина, сегашен дел на Република Српска, каде Србите и босанските Муслимани спокојно живееле заедно се до потпишувањето на Дејтонскиот договор во 1995 година. Тогаш Босна и Херцеговина беше поделена и беше формиран сегашниот состав – Муслиманско-хрватска федерација и Република Српска, па многу луѓе морале да се иселат.
Споменатото село му припаѓало на српскиот ентитет, па Муслиманите одлучиле да се иселат иако долги додини минале заедно со своите соседи и стекнале пријатели за цел живот.
На снимката, која била објавена пред 3 години, е прикажана разделбата на соседи кои целиот свој живот го минале заедно и пред репортерите низ солзи велат дека им е неизмерно тешко што мораат да се разделат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)