| четврток, 6 декември 2018 |

Ми недостига мама – малата Јана секој ден ја бара Јелена

%d1%98%d0%b5%d1%86%d0%b0

-Јана ги набројуваше членовите на семејството и ме праша кој недостига. Не знаев што да и одговорам, па ја прашав:Па кој?Налутено ми рече:Како кој, дедо? Па недостига мама! – вака со треперлив глас за Блиц, Владимир Марјановиќ, свекор на убиената пејачка  Јелена, ги раскажува драматичните моменти низ кои минува петгодишната ќерка на Јелена, Јана.

-За седум месеци од кога е убиена Јелена, целото семејство минува низ пекол. Но најмногу ми е страв што ќе биде со Јана кога ќе порасне и ќе сфати што се случувало сето ова време. Таа е преумно дете. Гледа дека нешто се случува, но не разбира што. Се трудиме вниманието да и го насочиме на убавите равоти – раскажал Владимир.

Тој рекол дека на Јана многу и недостига Јелена.

-Често зборува како и недостига мајка и. Тие две беа неразделни. Јеца ја чешлаше, облекуваше…Сега тоа го прави Зоран – раскажал Владимир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top