| четврток, 6 декември 2018 |

Кога Ања го најде ова дете, беше на работ на смртта – погледнете како изгледа сега

Ања Рингрен Ловен од Данска спаси едно преслабо детенце од село во Нигерија, кое примитивните локални жители го прогласиле за вештер, а фотографијата на која се гледа како таа му дава вода ја видоа луѓето ширум светот. Таа момчето го крстила Хоуп (надеж), а на крајот на оваа приказна се покажало дека навистина треба да се верува и во невозможното. Ова момче потполно се опоравило иако било оставено од локалните жители да умре од глад.

anja-ringgren-loven-nigerian-boy

Хуманитарната работничка неодамна постирала селфи фотографија со Хоуп каде може да се види дека детето е во далеку подобра состојба и изгледа здраво и среќно.

– Добив многу прашања за Хоуп, а неверојатно е колку љубов и поддршка ни беа пратени од луѓе од целиот свет. Тој е добро. Тој е чудо. Многу е силен и инелигентен. Се уште не зборува, но по некој мал збор знае да изусти. Каде има љубов, таму има и живот, објавила Ања.

anja2

– Кога го земав ова слатко момче, не знаев дали ќе преживее. Немаше ни мајка ни татко, а соселаните го прогласиле за вештер и не го ранеле со денови, можеби и со месеци. Секој ден му беше борба, а јас не сакав и во најлошото сценариот да умре без име и без достоинство. За мене Хоуп има големо значење, а тој збор го имам и истетовирано затоа што за мене има посебно значење „Help One Person Everyday“ (Помогни му на еден човек секој ден), додала Ања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top