| четврток, 6 декември 2018 |

Наташа Андонова ќе игра во четврт-финалето на Лигата на шампионите

natasa-andonova

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова која настапува за шведскиот тим Розенгард ќе игра во четврт-финалето на фудбалската Лига на шампиони затоа што заедно со нејзиниот тим ја потврди улогата на фаворит против чешка Славија Прага.

Шведскиот тим синоќа го доби и вториот дуел со 3-0, па така во наредната фаза продолжува со вкупен резултат 6-1. Македонската фудбалерка на реванш-дуелот влезе во 55. минута и го одигра мечот до самиот крај.

Покрај Розенгард, пласман во четврт-финалето обезбедија и Манчестер сити, Фортуна Хјеринг и Лион, а останатите патници во наредната фаза ќе бидат познати по вечерашните дуели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top