Вечерва во киното „Милениум“ е филмот на браќата Коен „Аве Цезар“ (22 часот) во рамките на 15. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс 2016“ кој завршува в сабота. Освен „Аве Цезар“ на програмата е и „Само крај на светот“ кој на режисерот Долан му ја донесе Гран при наградата од жири во Кан, новиот филм на Џим Џармуш „Дај ми опасност“ кој ја документира приказната за Стуџис, еден од најдобрите рокендол бендови на сите времиња.
Во кино „Милениум“ во 20 часот е „Само крај на светот“. Овој филм на режисерот Ксавиер Долан му донсе Гранд при награда од жири и Награда на екуменското жири на годинешниов филмски фестивал во Кан. Филмот му е посветен на еден писател, кој по 12 години отсуство се враќа во родниот град, сакајќи да го извести семејството дека умира. Набрзо, огорченоста го менува текот на попладнето, избувнуваат бес и кавги, предизвикани од осаменост и сомнеж, додека сите обиди за емпатија се саботирани од неспособноста на луѓето да ислушаат и да сакаат.
Филмот на Џоел и Етан Коен „Аве Цезар“ се случува во ранте 1950-ти. Еди Меникс вредно работи во обид да ги реши сите проблеми на актерите и филмските работници во „Капитол пикчрс“. Неговите најнови случаи вклучуваат незадоволен филмски режисер, распеан каубој, прекрасна пливачка и згодна танчарка. И како сето тоа да не е доволно, Меникс се соочува со неговиот најголем предизвик досега, кога Берд Витлок го киднапираат облечен во костим за снимањето на римскиот епски филм „Аве, Цезар!“ Ако студиото не плати откуп од 100.000 долари, тоа ќе значи крај за репликите на филмската ѕвезда. Во филмот играат и Џорџ Клуни, Ралф Фајнс и Скарлет Јохансон.
Во кино „Фросина“ во МКЦ во 17 часот е „Галопирачки ум“. Филмот на Вин Вандкејбис е во официјална селекција на „Синедејс“. Тој е приказна за близнаци разделени по раѓањето, од кои девојчето расте во удобноста на средната класа, а нејзиниот брат среде улична банда. Дванаесет години подоцна, нивните патишта повторно се сретнуваат и тие ја откриваат нивната заедничка судбина, наметната од страна на возрасните. Тоа е почетокот на возбудлива потрага по нивните корени и нивната независност, но ниеден од нив не може да побегне од минатото…
Натали Бродс на Филмскиот фестивал во Остенде доби награда за најдобра споредна улога.
Новиот филм на Џим Џармуш, „Дај ми опасност“, (кино „Фросина“ во 21 часот) ја документира приказната за Стуџис, еден од најдобрите рокенрол бендови на сите времиња. Филмот го прикажува контекстот на појавата на Стуџис низ музичка, културолошка, политичка и историска призма и ги поврзува нивните добри и лоши авантури, бележејќи ја нивната инспирација и причината зад нивните почетни комерцијални предизвици како и она што го оставаат зад себе.
Рускиот филм на Владимир Бек „Птичка“ (кино „Фросина“ 23 часто) е во официјална селекција на фестивалот отвора многу дилеми и прашања. Кога си заминува вашето детство? Си заминува кога наместо да играте фудбал со други деца, седите и тивко размислувате крај реката. Кога мислите не ви даваат сон, а светулката удира во тенџере како срце. Кога во главата ви се создаваат песни и чувствувате огромна потреба да запеете. Си заминува кога одеднаш сфаќате: летото завршува и тоа е последното лето од вашето детство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)