Навивачите на Чиле ги испратија фудбалерите кои го носат националниот дрес со овации по победата со 3-1 над Уругвај во рамки на квалификациите за Мундијалот за СП што за две години ќе се одигра во Русија. Луис Суарез беше еден од трагичарите на гостинската селекција. не успевајќи да реализира пенал, што ги скрати шансите на Уругвај да ја намали предноста на домашниот состав.
Иако Уругвај брзо поведе, Чиле уште побрзо изедначи и направи пресврт по кој ги освои трите бода. При излегувањето од теренот, фудбалерот на Барселона им го покажа средниот прст на домашните навивачи, потег кој може скапо да го чини.
Поради недоличното однесување и безобразниот гест, Суарез би можел да добие суспензија од два меча и со тоа да ја остави својата репрезентација на цедило на следните квалификациски натпревари. Уругвај има 23 бода, четири помалку од првопласираниот Бразил додека на делба за третото место се Еквадор и Чиле со по 20 бодови. Еден помалку има Аргентина која ќе се бори да ја избегне ’критичната’ бараж зона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.