| четврток, 6 декември 2018 |

Клинтон по поразот: Посакав никогаш веќе да не излезам од дома

Демократската кандидатка за претседател Хилари Клинтон изјави дека по поразот од Доналд Трамп ѝ доаѓало никогаш веќе да не излезе од дома.

– Да бидам тука вечерва не е најлесната работа за мене. Минатата недела, единствено што сакав беше да се испружам со добра книга и никогаш веќе да не ја напуштам куќата – рече Клинтон во својот прв јавен говор по поразот на изборите.

– Знам дека многумина се запрашаа дали Америка е земјата во која верувале. Јас ќе речам – верувајте во Америка, борете се за нашите вредности и никогаш не откажувајте се – порача Клинтон во емотивното обраќање во Вашингтон.

Дел од медиумите објавија дека таа освоила речиси милион гласови повеќе од Трамп, но, сепак, ги загубила изборите благодарение на комплексниот начин на гласање со електорати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top