| четврток, 6 декември 2018 |

Ким Јонг Ун создава фудбалер подобар од Меси

Државниот врв на Северна Кореја, пред неколку месеци, свечено ја отвори фудбалската академија во Пјонгјанг. Зацртаната цел е јасна како ден, да се создадат суперфудбалери кои ќе доминираат на зелениот терен

Големиот лидер Ким Јонг Ун го израдува својот народ со информацијата дека во најбрз можен рок Северна Кореја ќе биде најголема фудбалска сила во целиот свет и дека ќе го има најдобриот фудбалер на сите времиња.

Не само што Северна Кореја беше дел од финалниот натпревар на последниот Мундијал во Бразил, каде што беше подобра од селекцијата на Португалија, а на патот до “историскиот” натпревар ја победи Јапонија со 7:0, САД со 4:0 и Кина со 2:0, не само што пред една година, младинскиот тим за фудбалери до 20 години славеше над Унгарија со рекордни 98:0, сега Северна Кореја ќе има играчи кои се подобри од најдобриот фудбалер на денешницата, Лионел Меси!

jongsoccer

Државниот врв на Северна Кореја, пред неколку месеци, свечено ја отвори фудбалската академија во Пјонгјанг. Зацртаната цел е јасна како ден, да се создадат суперфудбалери кои ќе доминираат на зелениот терен.

Ги тренираме нашите деца се со цел да бидат суперталентирани фудбалери и кои ќе бидат поквалитетни од Лионел Меси. Убеден сум дека во најбрз можен рок ќе доминираме во Азија, а потоа ќе доминираме низ целиот свет, изјави Ри Ју-ил, тренер во фудбалската академија.
За разлика од информациите кои им се пласирани на жителите, Северна Кореја последниот настап на Светските првенства го забележа во 2010 година, на Мундијалот во Јужна Африка, каде ги загуби сите три натпревари во групната фаза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top