Како примач на уплатницата е наведена партијата СДСМ со сметка во Комерцијална банка со број: 300000003699ххх. (позната на редакцијата)
Адресата која ја навела под името е: „Маркс и Енгелс“ бр.x-х/х (влезот и станот познати на редакцијата). Тоа е зградата во строгиот центар на Скопје, кај познатата „Палета“, односно книжарницата „Студентски збор“.
Порталот пишува дека ако се споредат потписот на уплатницата и јавнодостапните потписи на специјалната обвинителка, кои можат да се најдат на јавнодостапни документи на интернет, објавени од други медиуми, ќе се изведе заклучок дека се работи за истиот потпис. Потписот на оваа уплатница е ист како потписите на Јанева на еден документ за нивите со смокви во Гевгелија и потписот ставен на официјален документ од Специјалното јавно обвинителство, тврди Старт.мк.
Во разговор со соседите од наведената адреса во центарот на Скопје, на прашањето дали знаат кој живее на „Маркс и Енгелс“ блок 3, дали е тоа специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, порталот дошол до овие податоци:
– Не знам дали баш во тој стан, но да, сум ја видела тука, сведочи една од сосетките во блок 3.
– Не знам точно во кој стан, но често сум ја гледал, да, Катица Јанева живее тука, ја гледам како оди и си доаѓа после работа. Понекогаш по неколку дена ја нема, но често е тука, потврди уште еден постар жител на славниот блок 3.
На веб-страницата на УЈП, за СДСМ е наведена друга сметка во Комерцијална банка, различна од онаа на која Катица уплатила верификација на членство.
Според Законот за платен промет, правни лица и организации немаат ограничувања колку сметки ќе отворат и во колку банки, па порталот се прашува колку непријавени сметки има СДСМ и за кои намени ги користи. Банката се уште не ј апотврдува или демантира оваа информација.
Катица Јанева беше избрана за Специјален јавен обвинител на 16 септември 2015 година.
Уплатата за верификација на членство е направена 45 дена пред изборот.
Специјалната обвинителка Катица Јанева се уште нема одговорено на официјално поставените прашања дали е член на СДСМ. Молк и од Специјалното обвинителство.
На 4 ноември, весникот “Дневник” објави фотографија од членската книшка на Катица Јанева во СДСМ.
Име: Катица, презиме: Јанева, датум на раѓање: 9.2.1965 година, член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од 2004 година, вака изгледа членската книшка од СДСМ на специјалната обвинителка до која дојде “Дневник”. Во неа, освен личните податоци на обвинителката од десната страна, стои и потписот на поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, а симболите на партијата и серискиот број: 038196 се на левата страна.
Весникот наведува дека до членската книшка дошле на 1 ноември, но до денес нема никаква информација ниту демант ниту од специјалната обвинителка Катица Јанева, ниту од СЈО.
Еден ден подоцна, преку соопштение во три реда, СДСМ реагираше: „Катица Јанева ниту била, ниту е член на СДСМ“. Но, овој втор документ за партиската определеност на Катица Јанева ги побива сите тврдења на СДСМ.
Јавноста веќе е запознаена со близината на семејството на Јанева со партијата предводена од Зоран Заев, но не само нејзини роднини, ами и вработени во самото СЈО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.