| четврток, 6 декември 2018 |

Обама и Меркел на приватна вечера во Берлин

Американскиот претседател Барак Обама ја почна својата посета на Германија со приватна вечера со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Белата куќа соопшти дека станува збор за „неформална и приватна“ вечера во хотелот во кој престојува Обама. На новинарите што го придружуваат американскиот претседател им е забранет пристапот.

Обама и Меркел утре ќе имаат официјална средба, по која ќе одржат конференција за новинарите.

Покрај средбата со германската канцеларка, за која Обама изјави дека е една од неговите најблиски партнерки во меѓународните односи, тој ќе се сретне со лидерите на други важни европски земји, како Британија и Франција.

Последната меѓународна турнеја на Обама завршува во Перу. Тој е претседател до 20 јануари 2017, кога ќе биде инаугуриран Доналд Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top