| четврток, 6 декември 2018 |

„Мекдоналдс“ го лансираше нутела-бургерот!

„Мекдоналдс“ само што го лансираше новиот нутела хамбургерот, што предизвика хистерија на социјалните мрежи.

„Мек“ реши популарната крема да ја стави меѓу двете лепчиња. За среќа, нема да ги има другите состојки ниту пак ќе изгледа како обичен бургер. Нема да биде пакуван ниту во класичната кутија во која се пакуваат бургерите на овој ланец на брза храна.

Веста за новиот нутела хамбургер беше објавена на фејсбук.

– Нема да може да одолеете – напишаа од „Мекдоналдс“.

Овој пост бил споделен повеќе од 50 илјади пати.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top