| четврток, 6 декември 2018 |

Внимавајте што јадете: Свислион признава – несиправните кашички за деца ќе бидат повлечени од продавниците

Внимавајте што јадете: Свислион признава – несиправните кашички за деца ќе бидат повлечени од продавниците. Три видови на детските кашички „Јувитана“ повлечени од продажба поради високото количество на пестициди кои тие ги содржат.

Компанијата Свислион Таково изјавија дека сите производи кои не ги задоволуваат строгите стандарди за квалитет ќе бидат повлечени од продавниците и супермаркетите.

Лекарите изјавуваат дека нема потреба од загриженост на родителите поради тоа што пестицидите кои ги содржат производите на Свислион не се опасни по здравјето на децата.

Од друга страна, сопственикот на Свислион Таково, господинот Радољуб Драшковиќ, ги испрати сите вработени на принуден одмор се додека не бидат спроведени сите анализи и тестирања за пронаоѓање на изворот на проблемот.

Производите кои се засегнати ги вклучуваат детските кашички и сокчиња кои се наоѓаат на пазарот во Србија и Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top