Трикратната олимписка шампионка, Унгарката Катинка Хосу, јавно го повика претседателот на пливачката федерација да си поднесе оставка. Таа од поодамна има недоразбирања со претседателот Тамаш Ѓарфаш, кој вооедно го нарече и „штетен фактор“ и поради тоа на својот Фејсбук профил напиша:
– Јас сум жив пример дека постои живот и по пливачкиот сојуз на Унгарија. Односно тоа навистина постои. Претседателот само седи на позицијата, бидејќи ние имаме резултати, а клубовите се наоѓаат во лоша ситуација. Тие не треба да се грижат за мене, но треба да го направат тоа за децата кои сакаат да се занимааваат со овој спорт.
Хосу на штотуку завршените Олимписки игри во Рио освои три златни и еден сребрен медал. Таа најмногу му забележува на Ѓарфаш затоа што во 2008 година, тој ја советувал да прекине со пливањето. Унгарската пливачка исто така го критикуваше и сојузот, бидејќи ги превзема заслугите за медалите, а воопшто ги нема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Унгарија нема да отстапи пред уцените за фондовите на ЕУ
-
Миа Крстевска е новата шампионка во 200 метри грбно и освојувач на златен медал во Белград
-
Високо одликување за Раде Силјан од Претседателот на Унгарија