Бразилскиот интернационалец Оскар не е во плановите на новиот менаџер на Челси, Антонио Конте, и најверојатно ќе си замине од „Стемфорд бриџ“ веќе во зимскиот преоден рок. Тој нема настап за „сините“ од Лондон уште од октомврискиот меч во Лига – купот на Англија, а речиси и да не доби вистинска шанса во Премиер – лигата. Клубот е подготвен да го продаде, а на готовс веќе е Интер, италијанскиот калчолигаш, кој подолг период ги следи неговите игри.
Челси пред четири години го доведе Оскар од Интернасионал за сума од 20 милиони фунти, и би се сложил да го продаде за приближно иста сума веќе во зимскиот преоден рок. Покрај Интер, за него постои интерес и од кинескиот прволигаш Џиангсу сунинг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.