| четврток, 6 декември 2018 |

Румениге: Малите земји како Косово, Гибралтар, Сан Марино мора да играат претквалификации

rumenige-office

Никако да престанат препукувањата помеѓу Германија и Сан Марино, а најнов кој се јави со свое мислење е претседателот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, кој смета дека малите репрезентации мора да играат претквалификации.

– Сега играме против репрезентации како Сан Марино, Косово, Гибралтар…Јас се прашувам зошто нема квалификации за малите земји. Сегашниот начин мора да се промени – изјави Румениге.

Тој предложи сите мали земји да поминат систем на квалификации пред да влезат во главнaта ждрепка, за настап во главните квалификации за пласман на Европско или Светско превенство. Сите проблеми и недоразбирања ги покрена Томас Милер, кој по високата победата од 0-8 на гости кај Сан Марино, изјави дека светските шампиони не треба да губат време на такви противници.

На таа изјави веднаш реагираа и од Сан Марино, односно потпаролот на фудбалскиот сојуз на оваа земја, кој наведе писмо со 10 причини поради кои треба да се играат баш такви натпревари. Се чини дека оваа идеја на германските фудбалери и водачи нема добро да помине кај фудбалските фанови, бидејќи фудбалот секако е игра во која треба подеднакви права за настап да имат и „малите“ и „големите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top