| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент на сцената – позната пејачка се струполи сред настап

Британската пејачка, водителка и театарска глумица Беверли Најт ги загрижи своите фанови, откако колабира за време на својот настап на хуманитарниот концерт во „Ројал Алберт Хол“, па мораа на раце да ја изнесат од сцената.

Инцидентот настана во момент додека таа ја изведуваше „I Will Always Love You“ од Витни Хјустон.

Иако Би-Би-Си го отстрани овој дел од снимката која одеше на телевизија, тој сепак некако „протече“ во јавноста, по што твитерџиите коментираат дека изведбата на Најт била подобра од оние на самата Витни.

По доаѓањето на брзата помош, било утврдило дека колабирањето е резултат на ниското ниво на шеќер во крвта. По половина час, таа го продолжила својот настап.

На концертот исто така настапуваа и Ели Гоулдинг, Оли Марс, Рик Естли, Мајкл Бол и поп групата „Тејк Дет“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top