Вечерва на шестиот ден од 15. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс 2016“ ќе се прикаже дебитанскиот филм на познатата српска актерка Мирјана Карановиќ „Добра сопруга“ во кој таа е режисер, сценарист и ја игра главната улога. Филмот вечерва е во кино „Фросина“ во МКЦ (19 часот).
Филмот на Карановиќ е приказна поврзана со соочување, осознавање, етика и морал. Милена, која ја игра Карановиќ, е средовечна сопруга и мајка, која живее мирен живот во едно богато белградско предградие. Внимава на својот изглед, готви, прима гости и оди со пријателките на хор. Води љубов со сопругот и заедно се дружат со група стари пријатели. Но, вознемирувачка реалност ќе почне да навлегува во свеста на Милена и да го нарушува нејзиниот среден свет. Еден ден додека чисти, наидува на видеолента што го инкриминира нејзиниот сопруг во ужасни воени злосторства. „Добра сопруга“ е приказната за тоа како оваа тајна одекнува во животот на Милена и на крајот ја менува.
„Добра сопруга “ веќе освои неколку награди на познати светски филмски фестивали, меѓу кои и наградата „ФИПРЕСЦИ“ на Мотовунскиот филмски фестивал како и „Златна Арена“ на пулскиот филмски фестивал.
Овој филм ќе се натпреварува и во категоријата „СинеБалкан“, а дел од екипата, меѓу кои и главниот актер Борис Исаковиќ ќе се дружат со нас во Скопје.
Во кино „Милениум“ се најновите филмови на Томас Винтерберг и Вернер Херцог, а на програмата се и музичкиот документарец за „Битлси“ на Рон Хауард и филмот посветен на модниот свет, „Првиот понеделник во мај“ кој прави хроника на неколкугодишните подготовки за модната изложба инспирирана од Кина и го отсликува секојдневието на Ана Винтур. Вечерта завршува со мултимедијален моден перформанс на „Лудус“.
Во кино „Милениум“ во 20 часот вечерва е „Комуна“, филмот на Томас Винтерберг се случува во раните 70-ти. Успешниот професор по архитектура Ерик наследува голема куќа во предградието на Копенхаген и решава да основа комуна заедно со неговата сопруга Ана и ќерката Фреја. Заедно тие канат пријатели, познаници и непознати да живеат со нив, создавајќи место каде што се преплетуваат левичарски идеи и нови семејни врски. Но кога Ерик започнува афера со Ема, прекрасна млада студентка од неговата група, духот на слободната љубов што ги создаде основите за комуната се заканува дека ќе сруши сѐ.
За улогата во филмот, актерката Трин Дурхолм ја доби сребрената мечка за најдобра актерка на годинешното „Берлинале“.
Во 22 часот е филмот „Сол и оган“, најновиот филм на култниот германски режисер Вернер Хецог. Дејствието е во Јужна Америка каде, Обединетите нации испраќаат научна делегација, предводена од истражувачите Лора и Фабио, да испитаат ретки јужноамерикански геолошки формации. Но само што слетуваат, екипата е киднапирана од страна на платениците на нечесниот бизнисмен Мет Рајли, кој има сопствена агенда кога станува збор за заштита на животната средина. Длабоко во неговото скривалиште, Лора е разделена од нејзините колеги и се вовлекува уште подлабоко во светот на Рајли, но колку и да се обидува, не може да го предвиди неговиот конечен план.
„Првиот понеделник во мај“ (21 часот во кино „Фросина“) прави хроника на неколкугодишните подготовки за модната изложба инспирирана од Кина, насловена како „Кина: Низ огледалното стакло“ и гала- приемот на изложбата. Изложбата ја сочинуваат 150 парчиња облека од 40 дизајнери.
Ендрју Болтон, главниот куратор на Институтот за костуми, го направи концептот и го дизајнираше гала-приемот во Метрополитен музејот со Ана Винтур. Приемот, годишниот настан на Институтот го зголемува фондот за неколку милиони долари. Филмот, исто така, го отсликува секојдневниот живот на Винтур и го поставува прашањето за модата како уметност. Од 2016 година „Кина: Низ огледалното стакло“ е најпосетената изложба во историјата на Институтот за костуми и една од најпосетените изложби во историјата на Метрополитен музејот. Во филмот меѓу другите главни протагонисти се модните креатори Џон Галијани, Жан Пол Готје како и звезди како Ријана и Лејди Гага.
Во 23 часот во кино „Фросина“ е „Битлси: Осдум дена неделно – годините на турнеја“. Режисерот Рон Хауард ги истражува раните години на „Битлси“, од нивните клупски концерти во Ливерпул, па до концертните турнеи низ Европа и светот. Овој музички документарец содржи концертен материјал во живо од 1962 до 1966 година и целосно реставриран, ремастериран, 30-минутен настап на бендот на стадионот Шеј од 15 август 1965 година. Пол Мекартни и Ринго Стар помогнаа во продукцијата на филмот, заедно со Оливија Харисон и Јоко Оно. Режисерот Рон Хауард ги истражува раните години на „Битлси“, од нивните клупски концерти во Ливерпул, па до концертните турнеи низ Европа и светот.
Во салата „25 мај“ во МКЦ во 23 часот е мултимедијалниот моден перформанс: ЕМOTIONAL LANDSCAPES е насловот на новата безродова колекција на експерименталната модна етикета „Лудус“. Таа ја разработува темата започната со претходната колекција и е базирана врз фраза од песна на Бјорк од албумот Homogenic. Парчињата говорат за чувства на алармираност во јазик својствен за работата на „Лудус“. Парчињата ќе ги носат модели избрани по пат на кастинг на социјалните медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)