До крајот на оваа недела не очекува релативно студено време во главниот град, а утринските температури, постојано ќе бидат во негатива. Благо затоплување се очекува за викендот кога максималните температури ќе достигнат и до 12 степени.
Она што е интересно е дека за 2 недели, во Скопје ќе се создадат првите услови за врнежи од снег. Нема да вее многу и нема да се формира снежна покривка бидејќи температурите ќе се движат околу 5 степени, а претходните денови ќе врне и дожд.
Ако може да им се верува на долгорочните прогнози, првата снежна покривка можеби ќе се формира пред крајот на годината, со календарскиот старт на зимата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.