Раководството на Карпош соколи во изминатиот период донесе неколку нови кошаркари во своите редови, па логично беше и некој од актуелниот ростер да го напушти тимот. Тоа прв го стори Урош Дувњак, кој ги напушти редовите на македонскиот претставник во АБА-лигата и се пресели во грчкиот прволигаш Аполон Патрас.
Дувњак беше доведен како големо засилување за „соколите“, но не успеа да се наметне како лидер на оваа екипа. Откако беа доведени уште неколку нови кошаркари на бековската позиција тој почна да ги разгледува останатите опции, по што ја прифати понудата на Аполон. За Србинот ова ќе претставува камбек во Грција, со оглед на фактот дека лани го носеше дресот на екипата на ПАОК.
Станув збор за тим кој моментно се наоѓа на 12. место на табелата во грчкиот шампионат со скор од една победа и пет порази, исто колку и „фенерџијата“ Трикала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.