| четврток, 6 декември 2018 |

Томас Милер носи бели чорапи на сандали?!

tomas-miler-1

Вистинска војна на зборови изби по натпреварот меѓу Сан Марино и Германија во рамките од квалификациите за Светското првенство во 2018 година.

Јасно е, против актуелниот светски шампион Сан Марино немаше шанси да се избори ни за поднослив пораз бидејќи „панцирите“ славеа со убедливи 8-0.

По натпреварот првиот напаѓач на Германија, Томас Милер со неколку зборови ги разлути противниците и по тоа што го доби за возврат се чини дека добро го направил тоа.

– Не разбирам зошто играат и воопшто учествуваат во вакви квалификации. Не ми е јасно што може да се научи од ваквите мечеви – изјави веднаш по мечот Милер кој не успеа да се запише во листата на стрелци.

– Сфаќам дека сакаат да играат со светските шампиони и дека можат да го одбранат голот само со груба игра, но се прашува ли некој зошто професионалците мора да се изложуваат на вакви ризици? – заврши Милер.

Веднаш стигна одговор од портпаролот на фудбалската федерација на Сан Марино, Ален Гасперони.

– Фудбалот не е само ваш, туку на сите што го сакаат. Дали тоа на вас ви се допаѓа или не, ние сме тука да играме. И нашите фудбалери ги бркаат своите соништа, не ги исполнуваат вашите желби. Вие Германците никогаш нема да научите како да не бидете препотентни. Така не се стигнува до успех – изјави Гасперони.

Во продолжение Гасперини и лично се обрати до Милер, кој очигледно многу го налути.

– Твојата баба во младоста сонувала да дојде кај нас на ривиерата и да запознае некој римјанин. Тоа што можев да го сфатам е дека и покрај тоа што носите последен модел на копачки „адидас“, вие и натаму сте истите луѓе кои облекуваат бели чорапи и сандали – заврши портпаролот на Сан Марино.

Осумте гола кои ги прими Сан Марино не се рекордни, бидејќи во квалификациите за Европското првенство 2008 година, на домашен терен загубија од „панцирите“ со 13 парчиња во својата мрежа, а во реваншот во Германија беше само 6-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top