Најновиот филм на словенечкиот режисер Дамјан Козоле, „Ноќен живот“ синоќа имаше скопска премиера во киното „Фросина“ во рамки на 15. Фестивал на европски филм „Синедејс“.
Во филмот како копродуцент се јавува продуцентската куќа „Сестри и брат Митевски“. Филмот беше дел од програмата „МК во ЕУ“ на Филмскиот фестивал „Синедејс“.
Режисерот Козоле на денешната прес-конференција истакна дека филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, а соработувале со Лабина Митевска. Во филмот игра Петар Арсовски, а дел од монтажата е и Иво Трајков.
Тој додаде дека жирито на Националниот фестивал во Порторож го наградило Петар Арсовски со награда за најдобра епизодна улога во голема конкуренција.
Петар Арсовски, кој зад себе има голем опус, околу 70 играни филмови, истакна дека многу му се допаднал „Ноќен живот“, во кој глуми интелектуалец, доктор. Според него, се работи за филм кој предизвикува реакции, а решенијата и заклучоците ни ги остава нам.
– Филмот спаѓа во врвните остварувања на европскиот филм и е авторски филм на Дајман Козоле. Мене ми потсетува на најдобрите ракописи на скандинавскиот филм – рече Арсовски и додаде дека ова е негов четврти филм што го работи во Словенија.
Премиерата на филмот „Ноќен живот“ во Љубљана е в четврток, а сите билети се распродадени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Најновиот филм на Вуди Ален вечерва на „Синедејс 2016“ (видео)
-
„Синдејес 2016“: Вечерва дебитантскиот филм на Мирјана Карановиќ и многу мода и музика (видео)
-
„Синедејс 2016“: Презентација на потпрограмата „Медија“ и работилница за сценарио
-
Победникот од Кан, Вендерс, Џармуш, Козоле и Пују викендов на „Синедејс 2016“ (видео)