Вонредната состојба во Франција ќе биде продолжена за неколку месеци, особено предвид претстојните претседателски избори, изјави премиерот Мануел Валс, цитиран од АФП.
„Тешко е да ја прекинеме вонредната состојба денес. Уште повеќе што по неколку недели ќе започнат претседателските избори, кои ќе доведат до собирање на луѓе на јавни места“, истакна Валс. Мерката беше воведена по нападите на 13 ноември 2015 година, кога беа убиени 130 лица.
Францускиот претседател Франсоа Оланд ја започна комеморацијата за жртвите, откривајќи спомен плоча на Стад де Франс, каде пред една година тројца терористи се разнесоа и убија еден човек. Оланд и градоначалникот на Париз, Ан Идалго открија уште 5 меморијални плочи во Париз на местата каде што беа извршени нападите – во ресторан, 3 бара и концертната сала „Батаклан“.
Стинг ја врати салата во живот со концерт во спомен на жртвите. На лицата на присутните имаше насмевки и солзи во текот на целиот концерт, кој траеше час и половина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


