Само неколку месеци беа доволни за Илија Несторовски да ја убеди италијанската јавност во своите одлични голгетерски способности. Тој е убедливо најдобар фудбалер на Палермо на стартот од сезонава, со што го привлече вниманието на Наполи, но и на уште неколку италијански прволигаши. Шпанскиот клуб Севилја испрати свои скаути да го следат Несторовски на квалификацискиот меч Шпанија – Македонија, но сите овие заинтересирани екипи се соочуваат со истиот проблем – да најдат договор со Маурицио Зампарини.
Претседателот на Палермо важи за исклучително „тежок преговарач“, а неговиот став на оваа тема е дециден – Несторовски нема да си замине од Сицилија.
– За џабе се обидуваат, веќе им е кажано дека Несторовски не е за продажба. Колку вреди денеска? Тој нема цена бидејќи ние не планираме да го продадеме уште три години. Тој е наш играч, имаме договор со него и воопшто не размислуваме за разделба – дециден е Зампарини на оваа тема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палермо е главен град на културата 2018: До крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби
-
Анѓушев ја продаде ЕДС: За мене е ова и тажен и среќен ден. Таа е мое дете!
-
Бајано: Несторовски не треба да биде опседнат со давање голови
-
„Газета дело Спорт“ со сторија за Македонецот: Несторовски е главен лик во Палермо, душата на тимот