Фабриката за лаги на СДСМ/Сорос работи под полна пареа. Не се добројуваат непрофесионалните, срамни, текстови што ги пласираат опозициските мегафони за да ѝ отслужат на зацтаната аегенда на СДСМ манесто со програма власта да ја преземе со егзекуции и валкана медиумска кампања. Орото го водат разно-разни мактели и докази, иако не заостануваат ни Плусинфо на Героски и Фокус на чело со Јадранка Костова.
Веќе одамна престанаа да објавуваат проверени информации, и се полнат со чисти шпекулации и жолтило, дури и за работи чијашто точност може да ја провери секој просечен новинар со еден телефонски повик, а да не зборуваме за аферите со пасошите и со личните карти.
Вистината не е императив за соросовите гласила Плусинфо, Фокус и Доказ, овие медиуми се подготвени беспоговорно да ги извршат партиските задачи. Вчерашниот блам на денот беше во врска со појавувањето на листите на ВМРО-ДПМНЕ на името Валентина Стефановска. Соросовите медиуми побрзаа да направат сензација и да објават дека скулпторката Валентина Стефановска, авторка на повеќе споменици од проектот Скопје 2014 ќе стане пратениичка од 6 ИЕ.
Иако немало да им треба многу труд за да проверат за која Валентина Стефановсјка станува збор, опозициските медиуми не го сторија тоа. Валентина Стефановска е и претседателката на Унијата на жени од Тетово и таа е на листата од 6 ИЕ.
Инаку, на Фокус и порано му се случувале вакви резили на јавна сцена. Најсвежо е сеќавањето кога, исто како и сега, Фокус можеше со еден телефон да провери дали Даниела Рангелова, која живее на адреса во Брвеница, Тетовско, на која живеат уште 127 други луѓе е претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ или не е. Наместо тоа, Фокус тргна во хајка објавувајќи бомбастични наслови и слики со кои требаше да се создаде фама односно да се „потврдат фантомите“ на избирачкиот список преку познат пример – а првата меѓу жените на ВМРО-ДПМНЕ им се виде како одличен пример.
Но, како и сите желби за сензација и лаги на СДСМ/Сорос, и оваа траеше 15 минути. Веднаш со демант се јави пратеничката Рангелова, која дури и отиде на терен да се слика со својата „двојничка“ која живее на адреса со 127 луѓе, затоа што во Брвеница нема уличен систем и сите се водат на иста адреса. Истото што го направи пратеничката Рангелова можеле да го направат и новинарите на Фокус и да не се резилат. Но, очигледно тоа не бил интересот и макар по цена на блам имале очајна потреба или наредба „од горе“ да оцрнуваат колку што можат и не можат.
Очигледно друго и не може да се очекува од Фокус кој беше медиумскиот слуга кој ја туркаше и приказната за фалсификуваните пасоши и лични карти, за која се испостави дека е целосна организација на СДСМ за да се скандализираа функционери на ВМРО-ДПМНЕ преку исти такви медиумски хајки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.