| четврток, 6 декември 2018 |

Машки избори: Само четири жени носители на листи

Само четири жени се носители на пратеничките листи на политичките партии за претстојните парламентарни избори кои треба да се одржат на 11 декември.

Во изборната единица 3 жени-носители на пратенички листи имаат Коалицијата за промени и правда – Весна Стојменовска и Левица – Марија Џонс.

Во четвртата изборна единица само Либералната партија за предводник на листата постави жена, Даница Јованова, а во петтата изборна единица носител на листа е Радмила Шеќеринска од коалицијата предводена од СДСМ.

Според последните измени на Изборниот законик, застапеноста на женскиот пол на пратеничките листи е зголемена од 30 на 40 отсто. На првите три места мора да има по една жена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top