| четврток, 6 декември 2018 |

Рутински победи на Турција и Хрватска, Ирска си заминува со цел плен од Виена (видео)

tucija

Хрватска успеа да слави со 2-0 на празниот „Максимир“ против селекцијата на Исланд и се искачи на првата позиција во групата И, со десет освоени бода. Марсело Брозовиќ беше човекот на одлука на овој меч, постигнувајќи ги двата гола за „коцкестите“. Тој го отвори резултатот во 15.минута, а стрелаше и во самата завршница од дуелот за конечни 2-0.


CROATIA VS ICELAND 2-0 – All Goals and… by euro2016videos

Во вториот меч од оваа група, Турција очекувано го победи Косово со2-0 и ја забележа првата победа во квалификациите за СП во Русија 2018. Гостите одлично се бранеа во првите 45 минути, но Јилмаз и Сен се погрижија да нема изненадување и донесоа три бода за турската репрезентација.


TURKEY VS KOSOVO 2-0 – All Goals and Highlights… by euro2016videos

Во групата Д, Република Ирска продолжи со одличните игри и победи на гости кај Австрија (0-1) и се искачи на лидерското место. МекКлин погоди на стартот на второто полувреме за голема победа на Ирците.
Во вториот натпревар Грузија и Молдавија ги поделија бодовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top