| четврток, 6 декември 2018 |

Знаете ли како изгледа тело со 0% масти?

Видеоснимката на оваа девојка, која се занимава со бодибилдинг и наводно има 0% телесни масти ги загрижи корисниците на социјалните мрежи.

На снимката е прикаѓана девојка која позира пред објективот во теретана. Маицата и шорцот во кои вежбала ги скусила до максимум, а вниманието посебно го привлекува шорцот на кој стои слоганот „Нема слободни денови“.

Нејзиниот физички изглед, со кој таа се гордее, загрижува, затоа што процентот на нејзините телесни масти кој е приближно нула, не е здрав.

Бодибилдерката од САД има тело како од анатомски атлас и секој мусскул се оцртува.

bodibilderka

-Има и такви кои навистина премногу вежбаат, ниту една жена или маж не би требалод а изгледа вака, ова не е здраво, гласи еден коментар.

Луѓето со ниско ниво масти во телото можат да имаат проблеми си недостаток на витамини, плодност, замор и со намалена функција на мозокот.

Инаку, се смета дека минималниот процент масти кој им епотребен на жените за живот е 10-12%. За оние жени кои не се физички активни, прифатливо е да имаат 25-31%. Над 31% се смета дека жената е дебела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top