Британската кралска морнарица со истрели го сопрела глисерот кој пренесувал кокаин вреден 14 милиони фунти.
Акцијата траела дури шест часа, а криумчарите биле фатени во близина на Карибите.
Воениот брод „Вајв Најт“ лансирал хеликоптер од кој снајперист отворил оган. Прво пукал во морето за да ги предупреди криумчарите да застанат.
Пред специјалците да дојдат до глисерот неговиот екипаж, дел од дрогата фрлил во морето. Кога глисерот застанал, на него се качиле специјалци од американската крајбрежна стража и пронашле 350 килограми дрога вредна милиони. Наводно на бродот имало вкупно 650 килограми кокаин вреден околу 26 милиони фунти.
Дрогата која ја фрлиле во морето потонала, пишува „Дејли Меил“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)