Протестите против новиот претседател на Америка, Доналд Трам, во поголемите градови на Америка се уште траат, а демонстрантите изгледа најдоа и корпоративно лого на кое ќе ги насочат фрустрациите. Социјалните мрежи се полни со фотографии и видеа на кои патиките „Њу баланс“ завршиле или како ѓубре или како палеж, во тоалети, или во оган, пишува Блумберг.
@SoleCollector @newbalance good to know. I made a little bonfire tonight 🙂 pic.twitter.com/yOdCTbQgac
— skreetware (@milftears) November 10, 2016
„Њу баланс“ е бостонска марка патики, а стана мета откако од компанијата изјавија дека победата на Трамп е „чекор во вистински правец“. Лавината ја покрена твитот на новинарка од Волстрит џурнал Сара Џермано, која го цитирала портпаролот на компанијата дека администрацијата на Барак Обама немала слух за „Њу баланс“.
Против трговските договори
New Balance: “The Obama admin turned a deaf ear to us & frankly w/ Pres-Elect Trump we feel things are going to move in the right direction”
— Sara Germano (@germanotes) November 9, 2016
Од „Њу баланс“ велат дека неправедно се демонизирани. Изјавата се однесувала на ставот на Трам за трговскиот договор што го потпиша Обама со 12 земји, а кој ги урива трговските бариери. Трамп смета дека овој договор им служи на корпоративните интереси, а е на штета на американското произиводство.Против овој договор беше и Хилари Клинтон.
.@SoleCollector @newbalance pic.twitter.com/9AFPnw6doF
— M.A. Fortin 📎 (@SeniorTeenager) November 10, 2016
„Како единствена голема компанија која прозиведува патики во САД, „Њу баланс“ има единствен интерес во тоа да сака во САД да се произведуваат повеќе патики, а не помалку. „Њу баланс“ ги поддржа ставовите на Трамп и Клинтон и Берни Сандерс пред самите избори кои одеа во корсит на производството во САД“, изјавија од компанијата.
— New Balance (@newbalance) November 10, 2016
Returned my @newbalance shoes to your new San Francisco store pic.twitter.com/AFACKpy8tM
— Matt (@2_up) November 10, 2016
„Њу баланс“ со години лобира против трговските договори кои го олеснуваат увозот и аутсорсингот, додека нивниот најголем американски конкурент „Најк“ ги поддржува тие договри. Компанијата произведува 4 милиони патики годишно во фабриките во Масачусетс и Мејн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)