Помалку е познато дека Теута Арифи, која со години работеше и како универзитетски професор, има издадено книга со раскази, но и збирка на љубовна поезија. Иако пред седум години се соочи со најтешка дијагноза, таа не се повлече од јавноста и секоја недела редовно, дури и од болничка постела, ја пишуваше колумната која тогаш излегуваше во еден дневен весник. И покрај болеста која ѝ беше дијагностицирана за време на бременоста, не само што се избори за својот живот туку се избори и за животот на своето дете. Ова е само уште еден показател за тоа дека станува збор за силна жена со став.Таа во интервју за „Убавина и здравје“ проговори за најтешкиот период во нејзиниот живот.
Пред 7 години се соочивте и победивте една од најтешките болести, која беше откриена кога бевте бремена со второто дете. Што беше пресудно за вашата одлука да ја задржите бременоста и покрај сите опасности кои одеа со ова, и што ве советуваа во таа пригода вашите најблиски, пред сè, сопругот?
Која ми беше дијагностицирана болеста, бев 4 и пол месеци бремена, а тоа се смета за поодмината бременост. Во таква состојба, не може да ви се направат повеќе анализи и испитувања и се наоѓате на непознат терен. Лекарите ме советуваа да се ослободам од бременоста за да почнам со хемотерапија, но јас не бев подготвена за ова. Побарав и втори мислења од повеќе центри и ми беше кажано дека е можно да се продолжи со бременоста, но дека ризиците се поголеми, бидејќи и динамиката на проширување на болеста во бременост е поголема. Среќна сум затоа што одлучив да продолжам со бременоста како што сум им благодарна и на моите лекари кои ме оперираа двапати во текот на бременоста, благодарна сум му и на Господ што даде можност синот да ги преживее двете операции, и да стигнеме до денот да го родам. Само две недели по породувањето, почнав со шест сеанси на хемотерапија. Секако, одлуката да ја задржам бременоста беше тешка, но правилна одлука. Сите знаеме дека животот е конечен, но длабоко во нас, го третираме како бесконечен. Доколку човекот го немаше длабоко во себе тоа чувство дека смртта е далеку од него, сигурно немаше да биде изградена цивилизацијата, сè што постои во светот, во науката и во уметноста. Никој не сака да се соочи со фактот дека крајот може да биде тука, зад врата, но кога тоа ќе се случи, инстинктот за живот ве тера да се борите. Јас не можев да се борам само за себе, туку и за животот на син ми. Во таква ситуација, ниту една мајка не може прво да одлучи за својот живот, а потоа за своето дете, и затоа и мајките се мајки. Токму затоа, и покрај сите ризици, одлучив така како што одлучив, а моите најблиски, откако јас ја донесов одлуката, ме поддржаа и, откако се породив и почнав да одам на хемотерапија, и мојот сопруг и сестрите и родителите беа максимално посветени и направија сè за да можам да го изодам тој период. Секако, периодот беше тежок, ги изгубив косата, веѓите, сè што една жена сака да го има, терапијата беше тешка и требаше да се издржи. Секој човек има сила, само треба да ја најде во себе и да ја најде причината поради која сака да води една битка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Касами со докази: Теута Арифи го злоупотребувала општинскиот буџет за лични потреби
-
Манојловски: Тетовци нема да го заборават индолентниот однос на Арифи изминативе 4 години
-
ТВ Шења: Тетово и должи 2 милиони евра на компанијата „Хенкел“ за отпадот
-
СДСМ и ДУИ го договорија законот за јазиците, за експертите тој е противуставен