| четврток, 6 декември 2018 |

Францускиот фудбалски шампионат ќе го води жена!

natali-boj-de-la-tur

Натали Бој де ла Тур е првата жена која ќе застане на чело на француската фудбалска лига (ЛФП). Таа доби четиригодишен мандат да раководи со шампионатот на Франција, откако пропадна првичниот план на оваа функција да седне Рајмонд Доменех, поранешниот француски фудбалски селектор.

– Навистина сум изненадена и сакам да искажам благодарност до клубовите што ми ја дадоа поддршката. Ова е голем предизвик за мене и се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата – изјави Натали Бој де ла Тур, која работи во консултантска компанија.

Францускиот фудбалски шампионат од ТВ права и од реклами заработува околу 750 милиони евра годишно, а клубовите сакаат врвен консултант да се грижи за нивните права и токму затоа изборот падна на Натали Бој да ла Тур.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top