| четврток, 6 декември 2018 |

Победи на фаворитите, Франција со пресврт до трите бода (видео)

Вечерва продолжија натпреварите од квалификациите за Светското првенство што ќе се игра во Русија 2018 година.

anglija

На десет натпревари, фаворитите без поголеми проблеми стигнаа до трите бода и ги зацврстија позициите на табелите.

Најинтересен беше дуелот на „Стад де Франс“ каде “триколорите“ се намачија со Шведска, но сепак на крај успеаја да стигнат до трите бода. Шведска прва поведе во Париз против Франција со голот на Форсберг од слободен удар. Тој со шут од 35 метри го изненади Хуго Лорис во 55.минута.Творец на пресвртот беше Паје кој по само три минути подоцна по еден слободен удар одлично го пронајде Пол Погба во казнетиот простор, а играчот на Манчестер јунајтед лесно со глава го израмни резултатот, Токму Димитри Паје со гол во 65.минута донесе водство за „триколорите“ кој се покажа како конечен резултат (2-1).

Англија одигра одличен меч против Шкотска (3-0), и Герет Саутгејт ќе заслужи да биде перманентен селектор на гордиот Албион. Го врати Вејн Руни како капитен во првиот состав, а селекцијата функционираше беспрекорно. Даниел Стариџ го отвори резултатот со одличен шут со глава, неговиот клупски соиграч Лалана зголеми на 2-0, а Гери Кејхил беше стрелец на третиот гол за Англичаните.

Германија броеше до осум против Сан Марино (0-8). Серж Гнабри постигна хет – трик, Хектор беше стрелец на два гола, во листата на стрелците се запишаа и Кедира и Воланд, а Стефанели си постигна автогол.

Квалификации за СП 2018 резултати:

Група А: Франција – Шведска 2-1

Група Ц: Чешка – Норвешка 2-1, Северна Ирска – Азербејџан 4-0, Сан Марино – Германија 0-8

Група Е: Ерменија – Црна Гора 3-2, Романија – Полска 0-3, Данска – Казахстан 4-1

Група Ф: Англија – Шкотска 3-0, Малта – Словенија 0-1, Словачка – Литванија 4-0

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top