| четврток, 6 декември 2018 |

Со лекарско од психијатар летувал 17 дена во Грција на сметка на ФЗОМ

Психијатарка од специјалистичка ординација по психијатрија „Медика про менте“ во Охрид, издала лажно лекарско уверение дека пациент, вработен како раководител на градежна оператива во ЈП,,Градски гробишта“ Охрид има психичко проблеми, а тој си бил на одмор во Грција.

На 6 јули оваа година психијатарката го издала лажното уверение и во извештајот констатирала дека пациентот има несоници, висок степен на напнатост, нерасположение и сл. и препорачала неопходно издавање на боледување.

Тоа го направила и покрај тоа што знаела дека конкретниот ден, пациентот не се јавил на лекарски преглед бидејќи бил отсутен од државата, односно заминал на летување во странство.

Дополнително таа внела невистинити податоци и во амбулантниот дневник и лажно прикажала дека пациентот се јавил на преглед во специјалистичката ординација „Медика про менте“.

Раководителот врз основа на невистинитиот лекарски извештај, добил предлог за лекарска комисија од матичен лекар со позитивно мислење и оценка на Првостепената комисија при ФЗОМ. Врз таа основа, вака изготвеното невистинито лекарско уверение, пријавениот го употребил кај матичниот лекар и кај комисијата на ФЗОМ за добивање на боледување во период од шести јули до четврти август оваа година.

Од увидот во електронска евиденција, констатирано е дека пријавениот на шести јули годинава, со патна исправа, преку граничниот премин „Меџитлија“ остварил излез од Република Македонија кон Република Грција, а на 22 јули, на истиот граничен премин, регистриран е негов влез во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top