| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ да се откаже од црната и деструктивна кампања со удбашко замолчување на слободните медиуми

 

СДСМ и нивните удбашки структури се обидуваат да ја вратат Република Македонија во времето на најмрачниот комунизам кога тајната полиција определувала што може да се зборува, а што не, кога тајната полиција обвинувала и тајната полиција казнувала, рече денеска на прес-конференција пратеникот Драги Данев, а поводот е упадот на поранешниот удбаш Иван Бабаноски во проториите на реакцијата на „Република“.

СДСМ и нивните удбашки структури завчера упаднаа во слободен медиум. Цел на нивната безумна агресија и овојпат беше неделникот „Република“. Лустрираниот началник на службата за државна безбедност Иван Бабамовски крајно недолично влезе во новинарска редакција со намера да се заканува на новинари и на колумнисти. Ова е само уште еден од низата испади со кои СДСМ и нивните удбашки структури се обидуваат да ги заплашат и цензурираат медиумите, ограничувајќи ја слободата на изразување. Претходно новинари кои не беа под контрола на СДСМ/Сорос беа физички напаѓани, навредувани и попречувани во работењето. Цели новинарски редакции беа кршени во повеќе наврати само поради тоа што се осмелиле да имаат уредувачка политика надвор од онаа што ја диктира СДСМ/Сорос – рече Данев.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува упадот во редакцијата на „Република“ и намерата да биде заплашен колумнистот и аналитичар Никола Србов. ВМРО-ДПМНЕ бара Министерството за внатрешни работи крајно сериозно да ги сфати ваквите насилнички акти и да преземе најостри мерки против сторителите. ВМРО-ДПМНЕ апелира СДСМ да се откаже од црната и деструктивна кампања, која значи провоцирање инциденти и сценарија со кои би се фрлила дамка врз изборниот процес.

-Казната за ваквото насилничко однесување на СДСМ ќе стигне на 11 декември – додаде тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top