| четврток, 6 декември 2018 |

Светот како да не може да и ја прости убавината и модниот вкус: Ова е Меланија пред естетските операции! (видео)

Првата дама на Америка, Меланија Трамп деновиве е тема број еден во светот. Цел свет бруи за нејзиниот живот, потеклото, семејните несогласувања, за бракот со Доналд Трамп, синот, а најмногу за нејзиниот изглед.

Светот како да не може да и ја прости убавината и модниот вкус. Во рок од 24 часа интернетот е преплавен со фотографии од Меланија од младите денови, па се проширија гласини дека првата дама направила низа естетски операции за да постигне совршен изглед.

За убавината на Меланија е заслужен загребскиот хирург Синиша Глумичиќ, како што тврди самиот. Вели дека неговите раце ги направиле полните гради на првата дама, како и рамниот нос, пренесе „Јутарњи лист“.

Но, изгледа дека овој доктор нема потврда за својата приказна бидејќи не сакал да навлегува во деталите на приказната за тоа како Меланија стигнала до неговата ординација.

Словенката во Америка дошла за да биде модел, а ова се фотографии од тој период. Дали нешто „направила“ на своето лице и тело, порценете сами:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top