| четврток, 6 декември 2018 |

Бламажа на „Њузвик“: Убедени во победата на Клинтон, објавија книга „Госпоѓа претседателка“

Уредништвото на американскиот неделник „Њузвик“ се посрамоти пуштајќи во продажба 125 илјади примероци од книгата „Госпоѓа претседателка: историското патување на Хилари Клинтон до Белата куќа“.

Иако е практика медиумите однапред да се подготвуваат за двете сценарија, односно соодветни книги, но во таков случај добро се внимава тоа да не дојде до јавноста.

Со книгата за новата американска претседателка дојде и вовед во кој се вели дека овие избори „биле единствени на многу начини“, бидејќи кандидатката се сретнала со „демагогија каква што порано не била позната во американската политика“.

„На денот на изборите, Американците го одбија стравот и омразата со кои владее конзервативниот Доналд Трамп“, се наведува во воведникот.

Книгите веќе се најдоа во продажба во некои продавници бидејќи партнерите на „Њјузвик“ кои работеле на ова издание биле убедени во победата на Клинтон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top