| четврток, 6 декември 2018 |

Му беше најголема љубов на Коен: Убавицата што го уништуваше и никогаш не ја преболи (видео)

Канадскиот пејач Леонард Коен почина во 82. година од животот, пишува на официјалната страница на „Фејсбук“, пренесоа многубројни светски медиуми. Животот на овој успешен музичар го одбележи и неизмерната љубов кон убавицата Мериен Јенсен, која беше манекенка од Норвешка.

Таа почина четири и пол месеци пред Коен. На својата официјална страница тој се збогува од неа со зборовите „Љубовта никогаш не умира“.

187770652358259de0212c0855063534_w640

Коен ја запознал во 1960 година на островот Хидра во Грција. Таму купил куќа во која често престојувал, а тогаш, еден ден, запознал жена која му го разубави и му го уништи животот.

13892377_10154413772444644_7379245960457150451_n

Мариен живеела со тогашниот маж, писателот Аксел Јенсен, и со синот. Откако се разделила од него, се преселила кај Коен.

– Беше опседат со неа – вели биогафот на Коен.

Му ја поттикнувала креативноста, му била сѐ во животот. Љубовница, жена, мајка, сестра. По неколкугодишна врска, убавицата почнала да го исцрпува, да го уништува и да се однесува одвратно кон него.

Причината за прекинот на врската Коен ја навел во песната „So long, Marianne”, во која вели дека луѓето се менуваат, но дека љубовта останува.

Неговите пријатели велат дека до крајот на животот Мариен му останала вечна болка…

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top