| четврток, 6 декември 2018 |

До полноќ треба да се достават листите до ДИК

На полноќ политичките партии и независните кандидати ќе треба да ги достават листите на кандидати за пратеници до Државната изборна комисија.

Вечерва на полноќ истекува рокот за пријавување, а дотогаш ќе трае и увидот во избирачкиот список.

Од поголемите партии, СДСМ и ДПА, ДУИ веќе објавија кои кадри се носители на листите за изборите на 11 декември.

Се очекува ВМРО-ДПМНЕ да ги објави листите.

Од ДИК велат дека откако партиите ќе ги достават листите, Комисијата има рок од 48 часа да ги разгледа. Ако нешто не е во ред со имињата на листите и треба да се поправи или дополни, тие им се враќаат на партиите, кои, пак, имаат уште 48 часа да реагираат и да ги вратат исправни.

ДИК ќе го заклучи и избирачкиот список кој се однесува на 7-та изборна единица, односно на дијаспората.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top