Земјотрес со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван изутринава во 5 часот и 40 минути во југоисточните делови на Република Македонија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природноматематичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот на земјотресот бил во соседна Грција со магнитуда од 3,8 степени според Рихтеровата скала.
Ова е втор земјотрес во изминатите 24 часа со епицентар во Грција, кој е почувствува во југоисточна Македонија. Првиот беше регистриран вчера во 13 часот и 12 минути со магнитуда од 4,7 степени според Рихтер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.