| четврток, 6 декември 2018 |

Почувствуван земјотрес во југоисточна Македонија

zemjotres

­ Земјотрес со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван изутринава во 5 часот и 40 минути во југоисточните делови на Република Македонија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно­математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот бил во соседна Грција со магнитуда од 3,8 степени според Рихтеровата скала.

Ова е втор земјотрес во изминатите 24 часа со епицентар во Грција, кој е почувствува во југоисточна Македонија. Првиот беше регистриран вчера во 13 часот и 12 минути со магнитуда од 4,7 степени според Рихтер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top