Победничкиот говор на новиот претседател на САД Доналд Трамп најтешко му паднал на неговиот десетгодишен син Барон…
Долгите политички говори некогаш можат да бидат прилично заморни, а во тоа се уверил и Барон Трамп, 10-годишниот син на новиот претседател на САД. Имено, симпатичното момче толку се досадувало за време на победничкиот говор на неговиот татко, што речиси заспал на нозе додека го слушал говорот покрај неговата мајка Меланија.
Неговото проѕевање и превртување на очите го забележале камерите, а набрзо таа снимка заврши на интернет. Секако, не требаше долго време за некој добро да се пошегува и на снимката да го монтира звукот на познатата приспивна песна “Twinkle Twinkle Little Star”.
Русокосото момче на крајот се прибрало и го дослушало говорот до крај, така како што му прилега на еден млад господин во елегантно одело скроено по мерка. За разлика од неговиот татко, ова мало момче веднаш ги освои симпатиите на својата нација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)