| четврток, 6 декември 2018 |

Прв пораз на Металург во Лигата на шампионите на домашен терен

Ракометарите на Металург го забележаа четвртиот пораз во групата Ц од Лигата на шампионите, прв на домашен терен откако вечерва во „ВИП Арена“ во СЦ „Борис Трајковски“ загубија од поранешниот европски првак Монпеље со 30:24.

По стартното водство од 3:1 за гостите Металург со серија од 3-0 поведе со 4:3 и потоа дваесетина минути резултатот најчесто беше нерешен. Во финишот на првиот дел по неколкуте грешки на играчите на Металург во нападот, Монпеље постигна лесни голови и на полувремето водеше со 14:10.

На почетокот на вториот дел гостите само ја зголемија разликата и во 40.минута имаа водство од 20:13. Во продолжение следуваше серијата на Металург од 9-2 за 24:22 за гостите, но македонскиот претставник немаше сили за пресврт.

Најефикасни беа кај Металург Немања Обрадовиќ со 10 голови и Матју Гребил кај Монпеље со 10 голови.

На вториот натпревар од групата Ц одигран вечерва Чеховски Медведи – Татран Прешов 28:29.

Табела: Монпеље 8 бодови, Ла Риоха 7, Татран 6, Елверум 5, Чеховски Медведи 4, Металург 4.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top