Коалицијата за промени и правда на Демократскиот сојуз, ФРОДЕМ, МОРО Работничката партија и ДЕМОС на конвенцијата наречена „Не грижете се, режимот паѓа“ ја објави кандидатската листа за пратеници.
Ноистел во изборната единица 1 ќе биде лидерот на ДС, Павле Трајанов, во двојка ќе биде Јове Кекеновски од ФРОДЕМ, тројката ќе ја предводи Весна Стојменовска, во четвртата изборна единица носител ќе биде ексразузнавачот Слободан Богоевски, во петтата Александар Делов и шеската ќе ја предводи Бранко Мајсторовски.
Коалицијата најави дека целосните листи на кандидатите за пратеници ќе ги достави до медиумите утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.