Хрватската водителка Николина Пишек Ристовиќ одлучи да даде отказ во српската телевизија „Прва ТВ“, каде ја водеше емисијата „Екслузив“. Наводно Пишек, која веќе неколку години живее во Белград, ќе стане заштитно лице на „Пинк“, но таа не сакала да ги потврди гласините.
– Жалам што си одам и што ги оставам сите овие прекрасни луѓе со коишто работев – изјавила за „Блиц“ водителката не криејќи ги солзите.
Иако се шушкаше и дека водителката повторно е бремена, Пишек демантирала. Таа исто така наскоро почнува и со сопствен бизнис, поточно ќе креира своја модна линија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.